Како што расте отпорот на народот за асимилаторскиот Предлог, така расте нервозата кај власта. Се обидуваат на секој можен начин да го спречат народот масовно, достоинствено и гласно да каже НЕ, преку инфилтирање провокатори, преку сценирање етнички тензии или преку директни закани и пријави. Но, народот не им се плаши. Колку повеќе го притискаат, толку народот помотивирано и погласно излегува на масовните протести, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.
Во продолжение на истото од партијата додаваат:
Народот, интелектуалците и експертите гледаат дека овој предлог е лош. Со него на Македонија и се даваат две опции или бесконечно да преговара или да се асимилира. Протоколот кој власта го крие, а кој странски медиуми го објавуваат, содржи конкретни обврски за Македонија со кои се обврзуваме да менуваме учебници, да менуваме историски факти за ликови и настани, да менуваме Устав и слични диктати кои се крајно понижувачки.