По трагедијата која ја потресе Македонија за трите исчезнати момчиња во водите кај Посиди, Халкидики осамна уште една објава дека е исчезнато момче на плажата Милос на Лефкада.
На Фејсбук групата Грчка Инфо синоќа е објавен статус дека момче на возраст од околу 25 години исчезна во водите на Јонското море на плажата Милос на Лефкада.
-Тажен залез на сонцето на Милос плажата…Во водата исчезна момче од околу 25 години, просто само исчезна, а барновите воопшто не беа големи. Како да го проголта морето, потрагат на плажата траеше цело попладне заедно со полицијата и нуркачка спасувачка служба, но на крајот на денот ништо…ако некој има информации нека напише, пс струјата беше малку посилна отколку претходните денови – пишуваше во објавата на Фејсбук групата Грчка Инфо.
https://www.facebook.com/groups/grckainformacije/permalink/863562434527275/
ulica.mk