Невреме на Халкидики ја отежнува спасувачката акција за пронаоѓање на 28-годишниот Мартин кој во саботата попладне исчезна во водите на Егејското Море кај Посиди на Халкидики. Двајцата негови другари, Васил и Иван, се веќе пронајдени и се надвор од животна опасност.
Денеска на Халкиди се очекува да пристигне и семејството на Мартин од САД, јавуваат грчките медиуми.
Од утрово спасувачките екипи се борат и со невремето, силните ветришта. Спасувачите планираат да постават и подводен дрон што значително ќе помогне во потрагата.
Утринава од македонското Министерство за надворешни работи информираа дека потрагата по Мартин продолжува.
novamakedonija.mk