Франческо Тоти и Илари Блази се разведуваат по 17 години брак

0
521

Се шпекулира со месеци, а сега стигна и потврдата. Поранешниот капитен на фудбалскиот клуб Рома Франческо Тоти (45) и водителката Илари Блази (41) се разведуваат по 17 години брак, пишуваат италијанските медиуми.

Гласините за раскинување започнаа кога Илари не се појави на прославата на неговиот роденден во септември 2021 година. Не долго потоа исчезнаа и нивните заеднички фотографии на социјалните мрежи.

– Во последните неколку часа прочитав толку многу работи за себе, а особено за моето семејство. Не е прв пат да ја слушнам оваа лажна вест. Апелирам до сите кои го пишувате сето ова да внимавате бидејќи се работи за деца, а децата треба да се почитуваат. Искрено, навистина ми е доста од тоа да негирам – рече тогаш.

Извесно време се зборуваше за вонбрачната врска на Илара со актерот Лука Маринели, добитник на наградата Давид ди Донатело. Во исто време се појавија гласини дека Тоти имал врска со Ноеми Боки.

Двојката беше заедно 20 години, а се венчаа во Рим во 2005 година. Илари и Франческо имаат три деца: Кристијана, Шанел и Изабел.

 

24sata.hr