(ФОТО) ЈП ВОДОВОД Охрид од утрово работеше на отстранување на дефектот во Св.Стефан, но вечерва дојде до трето пукање на цевката

0
433

Екипите на ЈП ВОДОВОД Охрид од раните утрински часови работат на отстранување на дефектот во населбата Св.Стефан, но вечерва при пуштање на водата дојде и до трето по ред пукање на истата веќе санирана цевка.
Активностите продолжуваат и во текот на ноќта се до целосно завршување со санацијата и нормализирање на водоснабдувањето.

извор: ЈП Водовод