(ВИДЕО) Терминатор се враќа во игра!

0
353

Франшизата Терминатор имаше свои подеми и падови во различни формати, од филмови до видео игри. Сега се врати, а во прашање е нова игра.

Најавена е нова игра во отворен свет поставена во универзумот на Терминатор, по успехот на Terminator Resistance во 2019 година.

Terminator Survival Project е работниот наслов на играта, еден од најинтересните претставени на настанот Nacon Connect во 2022 година.

Беше прикажан и краток тизер, а беше споменато дека играта ќе има отворен свет формат и дејство кое се случува во периодот помеѓу Judgement Day и формирањето на отпорот.

Играта ќе ја развива Nacon Milan, а засега нема официјален датум кога насловот би можел да биде објавен. Познато е дека доаѓа на компјутер и конзоли.

info.mk