Поради голем дефект цело Волково е без струја – екипите на ЕВН се на терен

0
370

Голем дефект на далековод во скопската општина Ѓорче Петров ги остави предмалку жителите на Волково, Ново Село и Стопански Двор без електрична енергија, објави „Плусинфо“.

Од ЕВК за „Плусинфо“ ја потвдиле информацијата и велат дека сите дежурни екипи се упатени кон далеководот.

Се работи за голем дефект на далековод. Нашите дежурни екипи се веќе излезени на терен и работат на решавање на проблемот. Засега не се знае колку време ќе одземе поправката, односно кога повторно граѓаните ќе можат да користат струја – велат од ЕВН.

извор: „Плусинфо“.