Комисијата за заразни болести ќе одржи состанок вo петок, ќе има ли нови мерки?

0
387

Комисијата за заразни болести в петок ќе одржи состанок на којшто ќе се дискутира за состојбата со коронавирусот во државата, потврдија за МИА од Комисијата. Согласно вчерашната статистика, позитивни се 34 проценти од вкупниот број тестирани, а нема починати лица.

До вчера активни беа 1.889 случаи на коронавирусот. Најмногу активни случаи имаше во Скопје – 1.045, додека во Крушево, Демир Капија, Македонска Каменица и Пехчево немаше регистрирани случаи на коронавирусот.

Додека во државата состојбата со КОВИД-19 засега е стабилна, регионот се подготвува за новиот бран на вирусот.

извор: МИА