Амбасадорот Дабиќ за Република: Никој во МНР не знаеше за францускиот предлог, освен Османи и неколкумина околу него

0
394

Јас настапувам од името македонскиот дипломатскиот синдикат, но на министерот Османи не му беше пријатно што имаме мислење за неговата работа. Во предлогот постапката против мене има дека сум учествувал во насилни демонстрации но јас не одев со колоната преку МНР до Собрание бидејќи врнеше тој ден и дојдов директно пред Собранието. Смешна е и втората точка од доказниот материјал се штетите направени на Министерството за надворешни работи, вели амбасадорот Зоран Дабиќ во интервју за „Република“.

Дабиќ вели дека хајката против него почнала уште од времето на министерот Никола Димитров кога тој се вратил од амбасадор во НАТО и ја обезбедил поканата за членство.

-Откако се вратив во МНР министерот Димитров не ме викна ниеднаш да се видиме.Ме маргинализираше.Јас мислев дека сум единствен но потоа сфатив дека принципот по кој работи министерот Димитров и сега Османи е прилично идентитечен.Тоа е централизирање на моќта во МНР, создавање на многу мала група во кабинетот кои ги преземаат должностите на директоратите во МНР со што таа атрофира и сега имаме ситуација дали десет посто од вработените работат.Другите сме изолирани,тргнати, разочарани или казнети.Во МНР владее невидена апатија-објаснува амбасадорот.

Текстот во целост на: „Република“.