Ковачки: Совет за премиерот, прво народот те плаќа да го браниш неговите интереси а не да ги распродаваш, а второ ќе скапеш во затвор

Еден полуписмен министер на барање на друг полуписмен и пион донесол полиција пред и во Собранието од цела Македонија и демонстрира сила. Првиот полуписмениот е послушник на вториот пион кој откако наводно одби предлог кој го немал видено, после го прифати на невидено и глуми визионер и загрижен државник, а во суштина е обичен предавник на македонскиот народ, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки на денешната седница.

Ковачки истакна дека тој пион премиер повикувајќи се бугарските шовинистички барања, го понижува македонските гробови на знајните и незнајни јунаци од македонското славно револуционерно минато.

Ковачки во врска со бројната полиција посочи дека на Спасовски му крадат оружје од магацин, а тука трупа полиција и покажува сила.

Зошто толку полиција ако е се во ред со предлогот? Да не мислите дека ќе го исплашите народот чиј глас не сакате да го слушнете? Кој е сплотен против вашите анационални политики. Или покажувате сила кон вашите пратеници во кои не сте сигурни? А можеби мислите и дека ќе ги исплашите пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата? Ова е уште еден доказ дека станува збор за хибриден режим и окупирана, односно киднапирана држава? Или повторно, како и на 27 април подготвувате сценарио и мислите дека ќе го наместите и народот и опозицијата да ви влезе во вашите темни сценарија за после да уценувате пратеници за 2/3 мнозинство?? Епа тој филм нема да го гледате – рече Ковачки.

Истакна дека промена на Устав нема да има, а пионот инсталиран како премиер и кој е донесен со единствена задача за довршување на отпочнатото предавство од неговиот претходник Зоран Заев, за обезличување на македонскиот народ нека се свест нека се свести дури е време, оти прифатил промена на Устав, не мислејќи на последиците.

Исто како што и неговиот газда не мислеше кога го потпишуваше Договорот со Бојко во 2017. И видете ја фарсата и парадоксот – пионот ни доставил информација на 1 лист хартија по која треба да дискутираме, што не е во надлежност на Собранието туку е во надлежност на Владата, значи Собранието не гласа за францускиот предлог туку за некаков лист хартија – известување, а од друга страна истиот тој пион, како владин функционер, прифатил промена на Устав што е во надлежност на Собранието, потенцираше Ковачки.

Тој нагласи дека Владата ниту си ги знае своите, ниту ингеренциите на Собранието.

Е таа влада ја избраа овие што седат ред мене и гледаат во земја, мислејќи дека некој ќе им ја заборави и ПРОСТИ штетата што и ја нанесуваат на нашата татковина Македонија. Прочка нема да има за никој. Почнувајќи од Заев, неговиот Пион Ковачевски, залутаниот во вилата на Водно Пендаровски и сите кои се огрешиле против својот народ. Тоа да си го знаете, јавно ви го кажуваме, прочка нема да има, рече тој.

Ковачки потенцира дека Македонија ја водат интелектуално инфериорни, уценети криминалци на кои не им се процесуираат кривичните пријави, односно тоа се лица без никаков кредибилитет или познавање од областите кои им се доверени.

Начекаа меко ткиво го препознаат поданичкиот менталитет кај оваа власт. Денеска СДСМ имаат национално неосвестени пратеници, клиентелисти чиј личен интерес е многу поважен од Македонија. Но, среќа е што СДСМ не е Македонија. Македонија има синови и ќерки кои секојдневно излегуваат и гласно кажуваат НЕ на асимилацијата по бугарски терк. Македонија има синови и ќерки кои се решени до крај да си го бранат своето. Ние, Македонците туѓото не го сакаме, но своето не го даваме. И сме подготвени да се бориме до крај, изјави тој.

Ковачки истакна дека нема промена на Устав по бугарски диктат и без гаранции за Македонците.

-Доста си игравте со Македонија. Слушнете го гласот на народот, Зошто и го прават ова на државата и народот и државата кога знаат дека почеток за преговори нема да има. Дојдоа со агенда за живот и економија, а се занимаваат со продажба на најсветото. Совет за премиерот, прво народот те плаќа да го браниш неговите интереси а не да ги распродаваш, а второ ќе скапеш во затвор. Имате време да кажете не, на вас останува, изјави Ковачки.

фото: PRTSC