На 73-годишна возраст почина Ивана Трамп – поранешната сопруга на Доналд Трамп

0
447

Поранешната сопруга на Доналд Трамп, Ивана Трамп, почина на 73-годишна возраст, соопшти семејството.
„Нашата мајка беше неверојатна жена – сила на работа, спортист од светска класа, сјајна убавина и грижлива мајка и пријател. Ивана Трамп беше борец. Таа избега од комунизмот и ја прегрна оваа земја. Таа ги научи своите деца на храброст и цврстина , сочувство и решителност“, се вели во соопштението на семејството Трамп, кое го сочинуваат нејзините три деца и десет внуци.

извор: TWITTER