Овој чин е уште една евроатланска перверзија на бриселските измамници, велат од партијата на Каракачанов

Политичката партија на Красимир Каракачанов и Ангел Џамбаски жестоко реагираше на вчерашниот говор на претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен на пленарната седница во македонското Собрание со кое таа го призна македонскиот јазик и идентитет.

-ЕУ ги измами бугарските пратеници со признанието дека го прифака македонскиот јазик и идентитет. Зошто молчите Борисов, Петко, Василев, Карадаи, Бојкикев, Иванов? Ја продадовте Бугарија! Скандалозно е! Овој чин реално гледано , сам по ебе е уште една евроатланска перверзија на бриселските измамници. Тие не го сакаат вашиот идентитет , туку вие им го наметнувате.

Со оваа акција бриселските бирократи го решија текот на идните преговори за членството на Република Македонија во ЕУ како да се отстранат од рамката два исклучително важни услови, имено да се признае нашата заедничка историја до 1944 и да не се легализира јазик измислен од сатрапите на Коминтерната , кој всушност е дијалект на бугарскиот. На борисов , Петков, Василев, Карадаи, Бојкикев, Иванов и четата на национални предавници францускиот предлог им го гарантираше токму тоа, како и заштитата на правата на македонските бугари, пишуваат од партијата на Каракачанов ВМРО.

 

а1.мк