Екс-градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов се огласи по скандалот со Зоолошката градина во Скопје каде вчера таму беа затекнати неколку вработени како касапат коњи. Поради тоа МВР лиши од слобода 5 лица, четворица вработени и едно надворешно лице, а против нив и директорот на Скопје ЗОО поднесе кривични пријави.
„Во буџетот на Град Скопје за 2021 година, беа предвидени и исплатени околу 7.000.000 денари за функционирањето на Зоолошка. Тоа се средства кои се исплаќаат за да може Зоолошка нормално да функционира и нормално да се врши набавка за храна за животните. Во буџетот за 2022 за Зоолошка се предвидени 2.500.000 денари. Дали за Зоолошка однапред било планирано да стане кланица?, прашува Шилегов реагирајќи на драстично намалениот буџет за Зоолошката од страна на неговата наследничка Данела Арсовска.
фото: Архива