По поразот од Новак Ѓоковиќ во финалето на Вимблдон, Ник Кирјиос отпатува на Бахамите, каде има куќа и таму одмора пред да продолжи сезоната.
Австралиецот постигна врв во кариерата на Вимблдон, бидејќи првпат во кариерата стигна до финалето на Грен слем турнирите, а сега e на заслужен одмор.
Ник е на Бахамите на островот Наса.Tој создаде свој мал рај на земјата, каде што има базен и пристап до пристаништето.
Со него е и неговата девојка Костин Хачи, која на својот Инстаграм покажа и како изгледа рајот на Ник, каде тој ќе биде на одмор некое време, пред продолжението на сезоната и американската турнеја.
republika.mk