Падна воен хеликоптер во Мексико, 14 загинати, еден повреден

Четиринаесет лица загинаа, а едно е повредено при пад на воен хеликоптер од типот „Блек Хок” во државата Синалоа, на северот на Мексико, соопшти мексиканската воена морнарица.

Причината за несреќата се истражува, но засега нема информации дека инцидентот е поврзан со апсењето на наркобосот Рафаел Кара Кинтеро од другата страна на Синалоа во петокот, се додава во соопштението на морнарицата. паг

 

buznisvesti.mk