Ковачевски: Конечно македонскиот јазик ќе ечи секаде низ Европа. Вака се сака државата, со мудри и државнички одлуки!

Честитки и огромна благодарност до пратениците кои денеска покажаа демократски капацитет, ги поддржаа заклучоците за европскиот предлог и гласаа за европска иднина на државата.
Нема поголем патриотизам од поддршката за просперитет на земјата и од одлуки кои се од највисок интерес за државата и граѓаните.
Конечно македонскиот јазик ќе ечи секаде низ Европа. Вака се сака државата, со мудри и државнички одлуки!
-напиша КОвачевски на Фејсбук.