Пејачoт Благојче Стојаноски Туше: Ќе се срамат вашите деца, внуци, поколенија! Срам и арам да ви е!

0
450

Важи за голем птриот и почитувач на татковината, кој и покрај големиот период кој го има поминато во Австралија, сепа Благочје Стојаноски Туше се врати во родниот Ресен да живее и твори македонска песна.
Понесен од актуелната политичка состојба тој не можеше да остане рамнодушен па на својот фејсбук профил напиша:
Јас, Стојановски Благојче Туше ,роден како МАКЕДОНЕЦ по татко, мајка, дедо, баба, прадедо, прабаба – МАКЕДОНЦИ, во МАКЕДОНИЈА! И цел живот го имам посветено на МАКЕДОНСКАТА музика.
Ниту сум се занимавал со политика и политичка припадност, ниту ќе се занимавам некогаш. Живеам ЗА и ОД МАКЕДОНСКАТА музика, се сметам за горд МАКЕДОНЕЦ и си ја сакам МАКЕДОНИЈА!! Ова не може да ми го одземе и да го смени НИКОЈ па дури ни “имбецилите” кои тоа пробуваат да го направат периодов без трошка срам, жал и почит кон МАКЕДОНИЈА!! Приказните за подобра иднина, ве молам да не ми ги кажувате затоа што СЕ гледам само подобра иднина со ваков начин на однесување и водење држава НЕ!!!
Јас секогаш ќе бидам горд МАКЕДОНЕЦ, горд на мојата фамилија, горд на моите дела кои се ќе се пренесуваат од генерација на генерација МАКЕДОНЦИ. А вие?? И вашите дела ќе се пренесуваат и нема да бидат заборавени, ама ќе се срамат вашите деца, внуци, поколенија!
СРАМ И АРАМ ДА ВИ Е!!!
-напиша во својата објава на ФБ Благочје Стојаноски Туше.