Гужва и колони на Граничниот премин „Богородица“

Поради зголемена фреквенција на возила, на Граничниот премин Табановце за влез во земјава се чека околу еден час, а на ГП Богородица за излез од државава времето на чекање е околу 30 минути.

Автомотосојузот информира дека на останатите премини, од македонска страна, вечерва нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен – соопштуваат од АМСМ.