Попладнево околу 13:30 часот по локално време се случи голема експлозија на браната Хувер во американската држава Невада. Кристи Херстон ја снимила експлозијата на камера и видеото го објавила на Твитер. Веднаш по експлозијата се огласиле сирените.
touring the #hooverdam and heard an explosion #fire pic.twitter.com/1tjWuNWBaZ
— Kristy Hairston (@kristynashville) July 19, 2022
Во моментот на експлозијата, на браната Хувер имало група туристи, која веднаш била евакуирана. Според локалните медиуми, пожарот бил изгаснат пред да пристигнат пожарникарите на местото на настанот. Американските медиуми јавуваат дека во експлозијата нема повредени, а структурата на браната не е загрозена. Причината за експлозијата се уште не е позната.