Сител: Лингвистите со остри реакции за едностраната изјава за македонскиот јазик

0
364

Срамна и катастофална е македонската унилатералната декларација за јазикот, велат научниците. Со неа само се поврдуваат тезите на Бугарија дека македонскиот јазик е вештачка творба. Со декларацијата се негира неговиот историски континуитет и простирање, вели професорката Улчар, и во вода паѓа фалбата на политичарите дека се избориле за чист македонски јазик во преговарачката рамка, објави Сител.

Лингвиститот Ниами со идентични ставови. Историјата на македонскиот јазик не почнува од 45 како што стои во декларацијата, ниту пак се развивал врз дујалектите само во денешните државни граници.

Ваквото просторно ограничување за Улчар е погубно и за науката и за македонската нација.

Во едностраната декларација Бугарија пак јасно се кажува дека не го признава македонскиот јазик.

извор: Сител
видео:Сител