TOP NEWS : Пустец е мост на пријателството меѓу Македонија и Албанија

Пустец,центар на Мала Преспа,  областа каде што живее македонското малцинство во Албанија е една од областите со длабока историја – вака албанската телевизија TOP CHANEL NEWS, ја најавува својата репортажа за Пустец.

Во емисијата гостин е и амбасадорот на Северна Македонија во Тирана, Данчо Марковски, кој раскажува детали околу Пустец, место за кое вели дека служи како „порта“ за две држави.

Во емисијата се зборува и за Преспанското Езеро за кое се вели дека наводнува три држави.

Амбасадорот Марковски и новинарската екипа го посетуваат островот Мал Град кој е на албанската страна од езерото, каде се прикажани пештерсктие цркви.

Амбасадорот и новинарот во еден кадар држат змија која е ендемски вид и живее само во Македонија, Албанија и Србија.

Понатаму прикажана е спомен куќата и споменикот на славниот писател Стерјо Спасе (албански: Sterjo Spasse, роден во Глобочани, 1914 – починат 13 септември 1989 во Тирана) . Писател кој се вбројува меѓу најзначајните претставници на современата албанска литература. Воедно, тој е еден од најуспешните писатели од македонско потекло.

Емисијата за Пустец е дел од подолг серијал на оваа телевизија во кој се прикажуваат убавините на Албанија видени и раскажани од странски дипломати акредитирани во Тирана.

Различни ликови го раскажуваат минатото и сегашноста. Топ вести започнува со емитување 12 документарни филмови снимени низ Албанија со значајни албански и странски личности. Историја, традиции, природа, кујна и се останато ќе се третира во овој серијал кој започна токму од Пустец – Мала Преспа.

ЕМИСИЈАТА ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА СО КЛИК Т У К А