Во Прилеп во текот на изминатата ноќ беше опожарен автомобилот на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Петар Ристески во Прилеп, при што огнот го зафатил и автомобилот на неговиот татко, соопшти МВР, наведувајќи дека било приведено едно лице, кое е осомничено во врска со овој случај. Според соопштението на полицијата пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп, а повредени лица нема. Увид извршила екипа на ОВР Прилеп и во координација со Јавен обвинител се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Радио Слободна Европа