Во Прилеп ноќеска гореше уште едно возило – во три недели трето

0
307

Утрово во СВР Битола – ОВР Прилеп било пријавено дека околу 1 часот по полноќ на улица „Киро Нацевски Фетак“ било опожарен автомобил „пежо“, со прилепски
регистарски ознаки, сопственост на Р.Н.(65) од Прилеп. Пожарот, како што велат од СВР Битола бил изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица Прилеп, а нема повредени. Увид извршила увидната екипа на ОВР Прилеп.

Ова следува откако вчера изутрина беше запален автомобилот на пратеникот Петар Ристески. Полицијата уапси едно осомничено лице.

-Очигледно е дека на некому му пречат моите ставови, моите активности како пратеник во Собранието. Нема никој ниту да ме поколеба, ниту да ме уплаши во она што сум го зацртал, во моментот гледате се зборува за отворање на Уставот, кажав јасно и гласно и тогаш и по цена на мојот живот нема да го сменувам мојот став, сега уште помалку, изјави вчера Ристески пред медиумите.

Пред три недели изгоре и автомобилот на директорот на ЈКП “Koмуналец” од Прилеп.

фото: Архива