Тајната ќерка на Цеца, тврди дека Цеца ја родила пред Вељко и Анастасија !

0
393

Сличноста помеѓу Анастасија Ражнатовиќ и пејачката  Марина Вишковиќ е толку голема,  што често ги поврзуваат и ги прашуваат дали се во роднинска врска.

Сестрата на Анастасија Ражнатовиќ, како што многупати ја нарекуваат  Марина Вишковиќ,  одговараше на прашањата на фановите и шокираше со изјавата дека двете навистина се сестри!?

Како што вели Марина Вишковиќ, Цеца ја родила кога била многу мала, но поради кариерата морала да ја предаде на жената по име Гордана.

„Сестри сме. Цеца ме родила пред Вељко и Анастасија, но ме предаде на Гордана, затоа што мораше да снима песни и да гради кариера“ – ја напишала Марина оваа духовита досетка, посочувајќи дека има длабоко и блиско пријателство со Цеца и Анастасија.

За потсетување, Марина Вишковиќ е исклучително блиска семејна пријателка на семејството Ражнатовиќ и е незаменлив дел од секоја прослава што ја имаат. Знаат и да одат на заеднички одмор, па летово објавија заеднички фотографии од Црна Гора.

 

zase.mk