Најсмртоносниот врв совладан од кардиологот Сашко Кедев

0
514

Познатиот македонски кардиолог Сашко Кедев бил дел од 24-члена експедиција која на 22 јули меѓу 8 и 9 часот по локално време во Пакистан го искачила вториот највисок врв на светот, К2.

Предводени од врвните шерпаси и лидерот Мингма Џи (негово четврто искачување на К2), сите алпинисти успеале во намерата да се искачат на 8.611 метри високиот К2, втор највисок на светот по Монт Еверест (8.848).

Искачувањето на К2 се смета за доста потешко од искачувањето на Монт Еверест. Во јуни 2000 година само 189 лица се имаа искачено на К2, наспроти 1500 лица кои го имаа искачено Еверест на истиот датум. Дури 49 лица загинале на стрмнините на К2, од кои 13 само во 1986 година.

fokus.mk