Ѝ лани се бунеа за Цеца, па пак сите дојдоа на Роштилијада, рече градоначaлникот на Лесковац и не го откажа настапот на Карлеуша

0
304

Откако беше најавено дека Јелена Карлеуша ќе ја отвори Роштилијада во Лесковац, а „Движење за Лесковац“ ги повика граѓаните да соберат 20.000 евра за да ѝ платат да не им пее, градоначалникот Горан Цветановиќ изјави дека би сакал лесковчани да ја соберат сумата, а тој веднаш ќе ја дуплира и парите ќе ги уплати во хуманитарни цели.

Сето ова почна откако првиот човек на Лесковац откри дека градот ја ангажирал Карлеуша, која е вегетаријанка, да ја отвори „Роштилијада“. Бидејќи многу граѓани беа незадоволни од одлуката на организаторите, поранешните членови на Движењето Двери формираа ново здружение и повикаа 20.000 жители на Лесковац да донираат по едно евро, а со парите да ѝ платат на Карлеуша да не настапува.

Цветановиќ за медиумите рекол дека лани многумина протестирале пред настапот на Цеца Ражнатовиќ, а сепак тој концерт бил најпосетен во градот. Тој додал дека изборот на Карлеуша нема врска со политиката.

„Навистина посакувам луѓето да ги соберат тие пари. Тоа што ќе го соберат, јас ќе дадам двојно повеќе, но не да ја спречам Карлеуша да дојде, туку во хуманитарни цели. Така беше и со Цеца лани, па и покрај епидемиолошките мерки имаше многу луѓе. Таа има околу 2 милиони следбеници на Инстаграм, што значи дека луѓето ја следат и слушаат. Тоа мора да го почитуваме. Јас не знам ниту една нејзина песна, ниту од Цеца или Брена, или Драгана Мирковиќ, но сите тие се наши ѕвезди“, рекол Цвтановиќ.

 

iinfo.mk