Почина Владимир Транталовски, еден од петте основачи на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој е човекот кој во неговата семејна куќа во Ресен се одржувале низа состаноци и договори за да се стави темел на она што подоцна ќе биде единствен браник на македонштината.
Подоцна, по барање на Драган Богдановски заминува во Минхен каде на 31 мај, 01 и 02 јуни 1990 се одржува состанок за официјално формирање на партијата која ќе го носи светлиот Илинденски идеал пред себе.
Владимир во аманет ни го остава најсветото, а наша обврска е да го чуваме.
Неговиот идеал исто така ќе живее и преку неговите живи потомци, неговиот внук кој е мој добар пријател и преку кој одблиску сум имал прилика да се запознаам со животот и делото на Владимир.
Ми беше чест,
Нека му е вечна слава!
-пишува во ФБ објавата пратеникот Јован Јаулески.