Изгоре куќа во селото Костурино – Струмичко

Во селото Костурино, Струмичко, денеска, изгоре куќа во пожар што избувнал околу 11 часот.

Според информациите од ТППЕ Струмица, нема повредени, а пожарникарите кога пристигнале пожарот бил во разгорена фаза и веднаш било пристапено кон негово гаснење со што било спречено ширење кон околните објекти.

Огнот бил изгаснат по скоро два часа, а во гасењето учествувале девет пожарникари и три противпожарни возила.

Причините за избувнувањето на пожарот ќе се испитуваат.

фото: Архива