Саудиска Арабија од Јутуб побара да ги отстрани рекламите што се во спротивност со исламските и општествените вредности

Саудиска Арабија од Јутјуб побара да се отстранат рекламите што се во спротивност со исламските и општествените вредности, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во заедничкото соопштение на Генералната управа за аудио-визуелни медиуми на Саудиска Арабија и Комисијата за комуникации и информациски технологии, се наведува дека Јутјуб објавува реклами за корисници во Саудиска Арабија кои се спротивно на правилата за медиумска содржина во земјата, спротивно на исламот и општествените вредности.

Се нагласува дека Генералната управа за аудио-визуелни медиуми и Комисијата за комуникации и информациски технологии побарале од Јутјуб да ги отстрани тие реклами, во спротивно, ќе се применат адекватни законски мерки.

извор: Агенција Анадолија (АА).

фото: Агенција Анадолија (АА).