(ФОТО) Последни подготовки за Илиденскиот марш до Крушево

Во пресрет на големиот национален празник Илинден, коњаниците што ќе учествуваат на 44-тиот традиционален коњички марш оваа година ги прават последните подготовки покрај кејот на реката Вардар и во Паркот на езерата, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Аеродром Тимчо Муцунски.

Во објавата градоначалникот додава:

На маршот што го организира Здружението на граѓани од Горно Лисиче „Илинденски марш 1978“, ќе учествуваат 27 коњаници од различна возраст, меѓу кои и една девојка. Тие ќе тргнат кон Крушево во среда, 27 јули, од паркот „Јане Сандански“ во 17:30 часот.
Во овој парк на коњаниците ќе им го предадам општинското знаме, по што со дефиле низ главните булевари во Аеродром коњаниците ќе се упатат кон црквата „Свети Петар и Павле“ во Горно Лисиче, каде што ќе се одржи собир проследен со културно-уметничка програма.
Како што аеродромци се верни и посветени на одржувањето на овој марш, така и Општина Аеродром секоја година ќе вложува поголеми човечки и финансиски капацитети со цел традицијата никогаш да не згасне. Илинденскиот марш е една од најголемите и најзначајни културни манифестации како за Аеродром, така и за цела Македонија.

извор: ФБ Тимчо Муцунски

фото: ФБ Тимчо Муцунски