ЈП Национални шуми го продолжува проектот „Лето без пожари“

Во рамките на проектот „ Лето без пожари“, вработени од Подружницата Бигла-Демир Хисар, заедно со претставници од Полициската станица во Демир Хисар, продолжија со активности во насока на давање препораки и совети за заштита и зачувување на шумските и останатите површини од пожари, заштита на земјоделското земјиште и пасиштата од пожари, како и препораки за превенција од пожари на отворен простор.
Исто така, на возачите на автомобили и на жителите им беа поделени и флаери со едукативна содржина.
Со овие активности за заштита и превенција од шумски пожари, шумочуварската служба на ЈП Национални шуми, координирано со вклучување на сите релевантни институции, ќе продолжи во текот на летниот период.
ДА ГИ ЧУВАМЕ ШУМИТЕ, ТИЕ СЕ НАШЕТО НАЈГОЛЕМО БОГАТСТВО
-информираат од ЈП Национални шуми.