Поранешниот министер за здравство Венко Филипче потрошил пет милиони евра за нов лек од фармацевтската компанија „Рош“, открива Фокус додавајќи дека веледрогеријата „Пановски“ се единствените што го дистрибуираат во Македонија. Станува збор за лек, кој има значајна контрола на крвавењата, а таа терапија во земјава ја примаат само 12 пациенти.
Овој лек, во македонските болници, од 21 март 2021 година е ставен и на болничка листа. Според податоците на Бирото за јавни набавки и потпишаниот договор, направена е бизнис-зделка во вредност од околу 5 милиони евра, и тоа само за 12 пациенти.
Во договорот се наведува дека се набавени 150.000 раствори за инјектирање за период од две години.
фото: Архива