Во Германија мајка ги фрлила двете деца од балкон, а потоа и самата скокнала

Во Градот Зарбрикен, западна Германија, е почната истрага откако една жена си ги фрлила малите деца од балкон, а потоа скокнала.

Полицијата се сомнева дека станува збор за убиство, а главен осомничен е 38-годишната мајка, која ги фрлила децата, при што нејзината тригодишна ќерка загинала.

Мајката прво ја фрлила тригодишната ќерка од висина од околу пет метри, по што нејзината едногодишна ќерка, а на крајот скокнала.

Жената била тешко повредена, додека едногодишното девојче речиси и да не било повредено.

фото: Архива