Мумин Исмаили е сведок на трагедијата во модуларната болница во Тетово. Тој не се согласува со вештачењето дека пожарот бил предизвикан од продолжен кабел и тврди дека избувнал од дефибрилаторот кој бил вклучен во струја во соба број 3. Во моментот на несреќата тој бил со својата мајка, која настрадала во катастрофалниот пожар.
-Во собата во која избувна пожарот беше мојата мајка и една 21-годишна Македонка, Марија. Таа беше со ментална попреченост и таа ноќ состојбата на Марија се влоши. Потоа, лекарите донесоа дефибрилатор за срце за да ја реанимираат, и кога го поставија апаратот на нејзиното тело, тогаш почна пожарот. Иако излегоа германски експерти и рекоа дека причина за пожарот е продолжен кабел, тоа не е вистина. Јас бев во собата, дефибрилаторот на беше приклучен на продолжен кабел, иако во собата имаше два, а не еден продолжен. Дефибрилаторот беше поставен…. на пример единица беше Марија, вториот кревет беше празен, на третиот беше сместена мајка ми. Дефибрилаторот беше кај креветот број два, директно во штекер, немаше продолжен кабел. Кабли имаше во собата како што открија вештаците, но дефибрилаторот не беше приклучен на продолжен кабел. Пламенот почна кога пукна дефибрилаторот. Пожарот почна од тука“, вели очевидецот Мумин Исмаили за ТВ21.
Целиот текст овде.