(ВИДЕО) Сирени за тревога се слушаат во Северна Митровица, што се случува?

Сирени за тревога се слушаат во Северна Митровица. Сирените се огласуваат веќе 10 минути, поточно од 17 часот и 40 минути, од засега непознати причини, јавува репортерот на „Косово онлајн“.
Дел од жителите на Митровица на социјалните мрежи објавија дека се огласиле сирените
Заменик-командантот на косовската полиција за северниот регион, Бесим Хоти, засега нема сознанија за нешто што се случува во северниот дел на градот, освен за сирената што тој самиот ја слуша, пишува „Косев“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

видео: 192_rs