Косовската полиција објави дека поради блокадите ги затворила граничните премини Јариње и Брњак за патници и возила и ги повика граѓаните да користат алтернативни правци. Блокадите доаѓаат во пресрет на стапувањето на одлуките за документи и регистарски таблички.
Етнички Срби во северно Косово ги блокираа патиштата во близина на два клучни гранични премини со Србија. Tензиите се зголемија во регионот, еден ден пред да стапат на сила две одлуки на косовската влада кои вклучуваат регистарски таблички и лични документи издадени од Србија, објави slobodnaevropa.mk.
Бесим Хоти од косовската полиција за Радио Слободна Европа потврди дека е блокиран магистралниот пат Приштина-Рашка, кај местото Рудаде, кое се наоѓа на 5 километри од Митровица. Тој рече дека се поставени и блокади во селото Зупче, кое се ноаѓа во близина на магистралниот пар Брњак- Митровица.
Косовската полиција објави дека поради блокадите ги затворила граничните премини Јариње и Брњак за патници и возила и ги повика граѓаните да користат алтернативни правци.
Косовската влада соопшти дека на 1 август ќе почне да издава таканаречени влезно-излезни документи за сите граѓани на Србија кои влегуваат на Косово. Тој документ ќе се издава на сите премини и ќе трае 90 дена. Овој документ ќе го добиваат и лица помлади од 16 години кои немаат лични карти, но мораат да имаат извод на родени. Политиката се совпаѓа со долгогодишната практика воведена од Белград за косовските граѓани кои ја посетуваат Србија.
Исто тока на 1 август ќе стапи на сила и нова регулатива за регистарските таблички. Етничките Срби на северот на Косово користат автомобилски таблички издадени од српските институции од со акроними на косовските градови, како што се КМ (Косовска Митровица), ПР (Приштина) или УР (Урошевац). Владата во Косово ги смета таквите таблички за нелегални, но ги толерираше во четири северни општини со српско мнозинство. Косово сега ќе бара тие таблички да се заменат со таблички издадени од Косово со акронимот „РКС“ за Република Косово. Сопствениците на автомобили ќе имаат рок до крајот на септември да ги направат промените.
Спорот за возилата избувна во септември 2021 година, откако косовските власти им наредија на сите возачи кои влегуваат во Косово од Србија да користат привремени, 60-дневни, печатени регистарски таблички како одговор на мерките во Србија против возачите од Косово кои се во сила од 2008 година, кога земјата прогласи независност од Белград. Во тоа време, Србите од северно Косово ги блокираа премините Јариње и Брњак со возила и импровизирани барикади, додека косовската влада испрати полициски единици, а српските воени авиони и хеликоптери ја надлетуваат границата демонстрирајќи сила.
Текстот во целост на: slobodnaevropa.mk.