Телма: Колективен отказ на вработените во Градски енергетски системи

Претпријатието Градски енергетски системи остана без вработени. Сите си дале отказ, затоа што три месеци не зеле плата и останале без здравствено осигурување. Директорот на ГЕС , Трпчевски за Телма вели дека залудни биле сите обиди да стапат во контакт со градската управа, за да се бара решение за ГЕС. Тврди дека до сега имале само една средба со градоначалничката Арсовска, во ноември лани кога ја презела функцијата. Тогаш им биле побарано само извешај за работата на ГЕС, и од тогаш иако побарале, нова средба немало. Вели дека судбината на претријатието е неизвесна, поради незаинтересираноста на Градот, под чија капа е ова претпијатие, објави Телма.

За целата состојба со ГЕС, Телма се обиде, но не успеа да воспостави контакт со градската управа.

Претпријатието ГЕС беше формирано во времето на претходниот градоначалник Шилегов, за да ја преземе топловодната мрежа во градот. Лиценца за тоа од РКЕ не доби, по што одлуката беше оспорена пред Управен суд.

Текстот во целост на: Телма.

фото: Архива