(ВИДЕО) Пеејќи “Едно име имаме, во душата го носиме“ – тројца Македонци со велосипеди се искачија на највисокиот врв во Иран – Дамаванд

Несекојдневен успех и македонски спортски раритет – тројца Македонци со велосипеди се искачија на вулканскиот врв Дамаванд, највисок во Иран и во западна Азија.

Никола Нешкоски, Илија Деревјов и Лазо Миновски станаа првите Македонци кои со велосипед се искачиле на Дамаванд (5.609 м.), заспан вулкан во Иран и највисокиот врв во оваа земја и во западна Азија.

Несекојдневниот подвиг, за кој се потребни неколку дена, е вистински физички и ментален предизвик, а и искачувањето и спуштањето се изведува со комбинирано возење, туркање и носење на велосипедите на грб.

Тие почнале пешки, до 5.000 мнв., а потоа велосипедите ги понеле на грб до врв.

Врвот Дамаванд, кој се наоѓа близу брегот на Каспиското Море и има посебно место во персиската и модерната иранска култура, важи за релативно тежок врв за искачување и за планинарите, а спаѓа во екстремните маунтин-бајк тури на кои тргнуваат само најподготвените велосипедисти.

видео: ФБ Lazo Minovski