Пронајден машки труп во распаѓање на патот кон Тиквешкото Езеро

На спореден пат кај Тиквешкото Езеро во близина на Кавадарци синоќа беше пронајден патнички автомобил со битолски регистарски ознаки и тело на починато машко лице во распаѓање, соопштија денеска од Jавно обвинителство на Република Северна Македонија.

Поради лошата пристапност на теренот, полициски екипи од ОВР Кавадарци и СВР Велес денеска извршиле увид на лице место.

– Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци издал наредби за обдукција на телото на починатиот со цел да се утврдат причините за смртта, како и за ДНК анализа со која ќе се утврди неговиот идентитет, се појаснува во соопштението од Служба за односи со јавноста на Jавното обвинителство на Република Северна Македонија.

фото: Архива