Полициски службеници од Полициското одделение Новаци ги лишиле од слобода Д.Д.(37) и К.С.(30), двајцата од Битола за кражба на нафта од работна машина од рудникот Брод-Гнеотино.
-Тие биле затекнати при обид од рудникот да изнесат повеќе туби и балони со нафта која ја извадиле од работна машина со која работеле. Кај нив биле пронајдени околу 100 литри нафта, што биле вратени на сопственикот и други предмети со кои го извршиле делото, информира Министерството за внатрешни работи.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
извор: MИА