ВМРО-ДПМНЕ положи цвеќе кај Карпалак

0
322

Делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ денеска положи цвеќе кај Карпалак, по повод одбележувањето на 21-годишнината од погибието на десетте армиски припадници.

Делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ беше предводена од пратеникот Александар Велјановски, пратеничката Жаклина Пешевска, пратеникот и претседателот на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, пратеникот Сергеј Попов и претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Ангел Карапетров.

На 8 август 2001 година кај месноста Карпалак загинаа: Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски.

Утрово претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот ФБ профил напиша:

21 година од погибието на 10 армиски припадници кај Карпалак. Нема да биде заборавена нивната жртва за нашата слобода. Македонија памети. Слава им!

фото: FB VMRO DPMNE