Триесет годишниот Иван од Скопје, кој пред еден месец заедно со своите пријатели исчезна на отворено море од плажа во Халкидики, за грчката телевизија „Скај“ ја раскажа својата голгота.
31-годишниот Мартин Јовановски, неговиот пријател, сепак сè уште не е пронајден.
„Вториот ден кога видов дека сите бараат на погрешни места, тогаш сфатив дека веројатно нема да ме најдат“, открива Иван за медиумот.
30-годишникот повеќе од 20 часа поминал во море, сам и беспомошен.
„Тоа беше најлошиот роденденски подарок“, признава тој за грчката телевизија.
видео: SKAI.gr