(Видео) 88-годишна учителка во пензија дојде сама на концертот на Фрајле

0
386

Девојките од новосадската група Фрајле неодамна пееја во Кастав, Хрватска, а во публиката беше и 88-годишна пензионерка која на концертот дошла сама. Јелена, Невена и Наташа се симнаа од бината за да се дружат со неа и ѝ испеја една од своите песни.

„Баба Марија, која е учителка во пензија, донесе живост, радост и убавина и докажа дека не се важни годините, туку духот што го носиме во себе“, велат девојките од „Фрајле“.

Тие се на регионална турнеја, па најавија дека на 13 август ќе одржат концерт на Хераклеја во Битола. На почетокот на летото тие пееја во во Скопје, пред платото на Опера и балет.

 

info.mk