Почина Петар Муличкоски, архитектот на зградата на Владата

0
336

На 93 години почина Петар Муличкоски, архитектот на зградата на некогашната ЦК на СКМ од 1970 година, која во независна Македонија стана зграда на Владата, а која потоа владата на Никола Груевсвки ја „доѕида“ во барокен стил, без никаква поврзаност со идејното решение на архитектот, ниту пак со негова согласнот. Муличкоски за футуристичкиот дизајн на овој објект добил и меѓународна награда. Великанот на македонската архитектура е автор и на објекти кои се трајно обележје на македонската современа архитектура – Народна и универзитетска библиотека (НУБ) „Св. Климент Охридски” од 1971, Спомен-костурницата во Кавадарци од 1974, Стопанска банка во Скопје од 1974 и многу други.

Творештвото на архитектот Петар Муличкоски е мошне разновидно и опфаќа од урбанистичко и архитектонско проектирање и ентериери до меморијална и пејсажна архитектура, а може да се истакне и неговиот специфичен израз во негувањето на цртежот што е една од спецификите на неговото воспитание како архитект од класата на проф. Едвард Равникар на Љубљанскиот универзитет, пишува на сајтот на МАРХ.

 

mkd.mk