(ВИДЕО) РСЕ: Плаќачите ќе плаќаат уште поголеми даноци

0
358

Државата нема пари, оти се задолжуваше за да справи прво со корона , а потоа и со енергетската криза. Кредитите стануваат се поскапи, па затоа сега ќе бараат пари, односно даноци од граѓаните и фирмите, но според економистите, во услови на криза ќе значи нов товар за оние кои веќе плаќаат даноци, објави slobodnaevropa.mk.

Најголемите даноци се воведувале за време или по секоја голема криза, како после големите војни или за време на „Големата депресија“, вели Бранимир Јовановиќ од Виенскиот институт за меѓународни економски истражувања, откако власта најави нови даноци за граѓаните и за фирмите од стартот на 2023.

Во време на кризи, парите може да се обезбедат со задолжување, кое ќе оди сè потешко, оти кредитите на светските пазари се сè поскапи, или преку зголемување на даноци, вели тој. Во колумната на министерот за финансии Фатмир Бесими се наведува дека нема да се зголемат даночните стапки, туку ќе се зголеми даночната основа, што практично значи дека нема да има прогресивен данок, вели Јовановиќ.

Јовановиќ - Оданочувањето на хонорарците е тешка катастрофа