Над Црвената плажа кај Бар во Црна Гора изби голем пожар, чие гаснење го отежнува силниот ветар и непристапниот терен.
Голем број туристи и жители се заглавени во километарска колона кај Сутоморе.
„Бевме во Сутоморе на плажа, а веќе еден час сме во колона. Сместени сме во Бар, ова е непријатно поради децата“, вели турист.
„Сите сили се на терен. Се плашиме за куќите поради силниот ветар“, вели пожарникарот Вулевиќ.
24press.mk