Поранешната сопруга на Никола Груевски по разводот живее повлечено и не сака да дава изјави за медиумите.
Поранешниот премиер на Македонија, Никола Груевски, додека беше на власт беше во среќен брак, а неговата љубов важеше за онаа до „крајот на светот и назад“.
Поранешниот премиер и неговата 12 години помлад избраничка се заколна на вечна љубов во месец мај 2007 година. Тој тогаш имаше 36 години, а Боркица 24 кога во својата преубава венчаница се појави на свадбената церемонија во хотелот Холидеј Ин, пред речиси 200 гости.
Боркица го запознала Никола кога имала 22 години, набргу по неговиот развод од првата сопруга, пулмологот Сузана Арбутина.
Груевски и Арбутина се разведоа по четири години брак, а бракот со Боркица со која доби две ќерки, траеше многу подолго.
И додека беа заедно никој не веруваше дека еден ден ќе се разведат, се додека Груевски не стана бегалец.
Имено, Груевски во ноември 2018 година избега во Будимпешта, Унгарија, каде побара азил откако беше осуден на две години затвор. Поранешниот македонски премиер во Унгарија по брза постапка доби азил, односно стана бегалец под заштита, од политички причини, заради што унгарските власти не го прогонуваат и покрај тоа што по него се распишани потерници од страна на нашата власт.
По бегството, неговата сопруга заедно со ќерките остана да живее во еден од становите што поранешниот премиер ги имаше во зградата на Бихаќка, односно на улица Павле Шатев, кои се водат на име на неговата мајка.
Според оглсот, Боркица се уште живее во истиот стан, кој се води на име на нејзината свекрва, Надежда Груевска.
Боркица досега се нема огласено во врска со разводот, а единствената нејзина изјава дадена во сите изминати години откако јавноста ја запозна прво како партнерка, а потоа и како сопруга на поранешниот премиер, беше кога се појави снимка на која што се слушаше гласот на Зоран Заев како зборува за Никола Груевски и наводно негово paзвратно однесување на Сејшелите, снимена за време на ручек во еден струмички хотел, а на која се слуша и синот на Зоран Верушевски.
Таа како втора дама секогаш кога ќе се појавеше во медиумите беше во друштво на нејзиниот сопруг, а нивните заеднички фотографии се уште се вртат по социјалните мрежи. За разлика од Груевски, кој има активен профил на Фејсбук, Боркица никогаш немала, но нејзините фотки секогаш предизвикуваа големо внимание во јавноста.
Нејзините пријатели ја опишуваат како скромна жена и грижлива мајка, која сега максимално е посветена на своите две ќерки.
glamur.mk/