Брнс и Ганиу свечено го промовираа плоштадот „Вудро Вилсон“ во Општина Чаир

Како резултат на збратимувањето со градот Стаунтон на Соединетите Американски Држави, денеска во Општина Чаир свечено беше промовиран Плоштадот што го носи името на 28-от американски претседател Вудро Вилсон. Свеченото промовирање на плоштадот беше направено од амбасадорката на САД во Северна Македонија, Кејт Мери Брнс и градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу.

Ганиу објасни дека Плоштадот „Вудроу Вилсон”, кој се наоѓа пред зградата на Општина Чаир, ќе биде во целосна функција на сите граѓани и е посветен на сите генерации.

Овој плоштад, поплочен со природен гранит, се состои од амфитеатар со 80 седишта, сцена и фонтана.

извор: 24info.mk

фото: 24info.mk