Натпревар во лежење во Црна Гора , победникот ќе добие 350 евра

0
375

Необичниот натпревар се организира единаесетта година по ред, а девет натпреварувачи од Подгорица, Даниловград и Белград годинава ќе се обидат да го соборат рекордот од 117 часа лежење.

Дозволено им е да јадат и пијат, да читаат книги, да користат лаптоп, телефон, односно се освен станување. Од минатата година правилата се променети, така што натпреварувачите, кои лежат под крошната на стогодишниот јавор, имаат можност да одат во тоалет на секои осум часа.

Годинешното издание е посебно и по тоа што некои играчи решиле да спијат со членовите на семејството, па со сопругата и сестрата дошол Жарко Пејановиќ од Подгорица, пренесува порталот Вијести.

„Во Подгорица е жешко, со денови не спиев многу добро, па дојдов да спијам. Овде е одлично“, вели Жарко.

 

Победникот ќе добие 350 евра, рафтинг, викенд во етно село, ручек за двајца во ресторан во Подгорица и уште многу награди од спонзори.

 

Црногорците се поврзуваат со мрзеливоста како посебна карактеристика што ги придружува во бројните шеги.

 

index.hr