Американски бомбардери Б52 денеска над Скопје

0
352

Два американски бомбардера од типот Б52 денеска попладне ќе го прелетаат Скопје, соопшти македонското Министерство за одбрана. Како што е најавено, два воени авиона Б52 на американското воено воздухопловство во Европа и Африка во 14:35 часот ќе го надлетаат Скопје. Летовите на тие авиони, се посочува, демонстрираат силен сојуз во НАТО и претставуваат гарант за целата евроатлантска област, вклучително и за Северна Македонија.

 

Радио Слободна Европа